Дома Фудбал Лапорта ја претстави кандидатурата, па веднаш го прашаа за Мбапе и Халанд

Лапорта ја претстави кандидатурата, па веднаш го прашаа за Мбапе и Халанд

Жоан Лапорта е еден од кандидатите за наследник на Хозе Марија Бартомеу, и денес официјално ја предаде својата претседателска кандидатура.

Лапорта сака да се врати на функцијата претседател на Барселона која ја извршуваше од 2003 до 2010 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ја претставувам кандидатурата бидејќи ја сакам Барселона, клубот, фановите, Ла Масија, се. Сакам повторно да работам за Барса. Подготвени сме, имаме искуство и потребната самодоверба за да ги направиме потребните промени“, истакна Лапорта.

Лапорта беше прашан дали ќе се обиде да ги донесе во Барса Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

„И двајцата се врвни фудбалери. Меѓутоа, пред да купуваме нови фудбалери секогаш треба да погледнеме кон школата. Да зборуваме сега за нови трансфери не би било добро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…