Дома Трансфер зона Лапорта потпиша преддоговор со ѕвездата на Ливерпул!?

Лапорта потпиша преддоговор со ѕвездата на Ливерпул!?

Хуан Лапорта и ѕвездата на Ливерпул Џини Вајналдум потпишале преддоговор, пренесува Sunday Times.

Истио извор пренесува дека тоа било желба на тренерот Роналд Куман, кој имаше прилика да соработува со Вајналдум во репрезентацијата на Холандија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Неговото евентуално доаѓање веројатно ќе значи и крај за Миралем Пјаниќ, кој и така не може да добие простор во тимот на Барселона.

Вајналдум доаѓа како слободен играч откако на лето ќе му истече договорот со Ливерпул. Лапорта како нов претседател исто така работи на трансферот на Давид Алаба, а во конкуренција за неговиот потпис е големиот ривал Реал Мадрид.

Се очекува шпанските ривали да се борат и за норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…