Дома Фудбал Англија Лампард: Не ми е гајле што вози и како се облекува Деле Али

Лампард: Не ми е гајле што вози и како се облекува Деле Али

Англискиот фудбалер, Деле Али во последниот ден од зимскиот преоден рок направи трансфер во Евертон.

Веднаш по пристигнувањето во Евертон Деле Али почна да добива критики. Јавноста го криткуваше затоа што на првиот тренинг на Евертон се појави со Ролс Ројс, критики имаше и за облеката со која се појави на Гудисон Парк.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сепак, на Френк Лампард не му е грижа што вози и како се облекува Деле Али.

„Не ми е гајле што вози и како се облекува, се додека доаѓа на тренинг секој ден значи дека сака да напредува и ги почитува клубот и соиграчите. Сигурен сум дека дава се од себе за да се покаже во најдобро светло“, изјави Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…