Дома Актуелно Лалана два месеци надвор од терените

Лалана два месеци надвор од терените

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, Адам Лалана заработи повреда против Атлетико Мадрид во финалето на „Ауди“ купот кој се одржа во Минхен.

Деталните медицински прегледи покажаа дека Лалана посериозно го повредил бутниот мускул, по што стана јасно дека Англичанецот нема да биде на располагање на тренерот Клоп во наредните два месеци.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Лалана ќе биде надвор од терените до крајот на септември и тоа не се добри вести за нас“, вели Клоп.

Репрезентативецот на Англија најверојатно ќе ги проупушти и натпреварите за квалификациите за Светското првенство во септември, а на терените би требало да се врати во првата седмица од ноември.

Слична повреда заработи и напаѓачот Даниел Стариџ на натпреварот против Баерн Минхен, но неговата повреда не е сериозна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …