Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: Извлечени паровите за 1/8 финалето

Куп на Македонија: Извлечени паровите за 1/8 финалето

Денес во просториите на ФФМ беа извлечни двојките за осминафиналето во Купот на Македонија.

Од извлечените парови најголемо внимание привлекува средбата помеѓу Вардр и Македонија Ѓорче Петров.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Останатите клубови од првата лига за противници добија екипи од втората лига, тимот на Кораби без борба доби место во ¼ финалето.

Бранителот на трофејот, Шкендија ќе се сретне против најголемото изненадување, тимот на Кит-Го кој во претходната фаза го елиминираше Шкупи.

Првите натпревари се играат на 19-ти септември, додека реваншите се закажани за 3-ти октомври.

1/8 финални парови во Купот на Македонија

Кораби – слободен

Тиквеш – Работнички

Гостивар – Победа

Вардар – Македонија ЃП

Скопје – Силекс

Шкендија – Кит Го

Брегалница – Ак. Пандев

Пелистер – Беласица

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…