Утре на програмата е битката за трофејот во Купот на Македонија помеѓу екипите на Македонија Ѓорче Петров и Силекс.
Ѓорчептровци атакуваат на трофејот, а тимот од Кратово кој успеа да после една сезона да се врати во првата македонска лига ќе биде во улога на бранител.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на „лавовите“ Муарем Бајрами истакна дека посакува во својата кариера да додаде и куп трофеј како тренер.
“Имаме квалитет, за мене ова е прво финале како тренер, двапати го имам освоено пехарот како играч, се надевам сега ќе успеам и како тренер. Вакви натпревари не се играат секој ден, треба да излеземе на терен и да уживаме“, изјави Бајрами.
Стратегот на кратовскиот состав Горзад Михајлов смета дека ова е натпревар во кој нема фаворити.
“Ни се отвори шанса да играме за титула, тука сме и верувам дека пред се ќе победи фудбалот, а кој ќе биде подобар, ќе видиме. Фаворитската улога не би требало некому да му се дава, затоа што ова е финале и се е отворено.
Финалето се игра утре со почеток од 18:00 часот.