Тренерот на Барселона, Роналд Куман остана многу задоволен од играта на својот тим после победата над Јувентус во Лигата на шампиони.
Барселона победи во Торино со 2:0, а Куман после мечот истакна дека ова била најдобрата игра на Каталонците од почетокот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ова е нашата најдобра игра во сезоната. Многу важна победа против силен европски тим, успеавме да му го наметнеме својот фудбал на противникот. Сакав да играм со тројца дефанзивци, така што еден играч ќе се турка напред и ќе создаде вишок на средината на теренот. Благодарение на ова, создадовме многу шанси за гол и, да бидам искрен, требаше да го решиме исходот на натпреварот многу порано“.
„Презадоволен сум од фудбалот што го игравме, задоволен од резултатот и карактерот што ги покажа мојот тим“, изјави Куман.