Калид Кулибали во последните години прерасна во еден од најдобрите стопери во светот. Одличнниот дефанзивец во неговиот текст за „Тhe Player Tribuneu“ откри како сфатил дека Сари е лош човек.
Сари во овој момент го води Јувентус, а со Кулибали соработуваше во Наполи. Пред еден натпревар во кој Наполи требало да игра против Сасуоло, тој добил повик дека му се родил син.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Призна дека прво не сакал да побара слободен ден од Сари знаејќи го колку е строг. Сари му одговорил дека не може да замине и дека му потребен. На крајот сепак му дозволил да оди во болница, меѓутоа да се врати до почетокот на натпреваот. Продолжението од ситуацијата е навистина неверојатен.
„Спремен сум за игра, Сари влегува во соблекувалната, го објавува составот. Гледам ме нема!? Почнав да викам по него. На мојот бес тој ми одговори дека тоа е негов избор и дека сум му потребен на клупа. Тогаш сфатив колку лош човек е, поради него го пропуштив раѓањето на синот“, откри Сенегалецот.