Дома Фудбал Италија Кристиано Роналдо = МНОГУ ПАРИ, тоа Јувентус најдобро го знае

Кристиано Роналдо = МНОГУ ПАРИ, тоа Јувентус најдобро го знае

Кога ќе се спомене името на фудбалскиот ас и шоубизнис комерцијална ѕвезда Кристиано Ронадло, прво што паѓа на памет е добар фудбал, многу голови, добра доза суета на терен, но и голем маркетинг, реклами, луксуз, и многу, многу пари. Факт е дека Кристиано Роналдо како лик и бренд чини многу, неверојатно многу. Но, еднакво непобитен факт е и дека како бренд знае многу да врати кај тие што инвестираат во и преку него.

Најголем и моментално најактуелен доказ за тоа е фактот за колку вртоглаво се пораснати приходите на Јувентус по доаѓањето на Роналдо во дресот на „Старата дама“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чистата заработувачка на италијанскиот фудбалски гигант Јувентус од продажбата на дресови во 2019 година е 44 020 000 евра, а во 2018 година изнесувала малку повеќе од 27 милиони евра. Секако треба да се напомени и дека 2019 уште не е завршена.

Студиите исто така покажуваат дека вкупните приходи од маркетинг (сите лиценцирани производи, користење на името и грбот на клубот) пораснале за цели 58 000 000 евра.

Секако тоа не е се, во периодот од мај 2018 до октомври 2019 година Јувентус е побогат за 38 милиони нови навивачи, по што сега вкупната бројка на фанови низ целиот свет е 423 000 000 , со кои Јуве е на осмата позиција според популарноста на Планетата. Пред една година црно белите од Торино беа на 11 место.

Сите овие податоци покажуваат дека Роналдо покрај тоа што многу допринесува на теренот, многу носи и надвор од него. Поради тоа може да се заклучи дека секо евро кое Јувентус го платил и плаќа за него се исплати неколку кратно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…