Хрватскиот репрезентативец, Андреј Крамариќ одби да го продолжи договорот со Хофенхајм.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Напаѓачот сака да ја промени средината и побарал од германскиот клуб да му биде дозволен трансфер ова лето.
Неговиот договор истекува следното лето, па Хофенхајм ќе биде приморан да го продаде бидејќи на крајот на следната сезона ќе замине како слободен агент.
Интерес за Крамариќ покажуваат три клуба од Серија А и тоа Јувентус, Интер и Рома.
Германскиот клуб за неговата слобода бара 30 милиони евра, но споменатите клубови ќе се обидат да ја намалат таа цена преку преговори.