Минхенски Баерн е заинтересиран за ангажирање на одличниот хрватски напаѓач Андреа Крамариќ од Хофенхајм.
Хрватот одлично ја започна и оваа сезона. Претходниот викенд беше незапирлив за одбраната на Баерн во победата од 4:1 и постигна два погодоци, а токму одличната игра во овој натпревар може на крајот да му донесе животен трансфер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хасан Салихамиџиќ веќе ги контактирал претставниците на хрватскиот напаѓач. Се распрашува за можноста за негов трансфер и останува да видиме дали овој 29-годишен играч во наредните денови ќе го направи својот животен трансфер.
Крамариќ веќе пет години го носи дресот на Хофенхајм. Постигна 77 погодоци на 153 настапи.