Дома Трансфер зона Баерн прави изненадувачки трансфер, пристигнува Крамариќ

Баерн прави изненадувачки трансфер, пристигнува Крамариќ

Напаѓачот на Хофенхајм, Андреј Крамариќ може да направи изненадувачки трансфер во Баерн Минхен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во Баерн сакаат да доведат централен напаѓач кој ќе биде алтернатива за Левандовски, а спортскиот директор Салихамиџиќ веќе работи на трансферот на Хрватот.

Крамариќ има големо искуство во Бундеслигата и оваа сезона веќе постигна 7 гола на 3 меча, а два токму против Баерн Минхен.

„Карамариќ не би бил само идеална резерва за Левандовски, туку и алтернатива за Томас Милер. Поседува доста карактер и квалитет. Има потенцијал да игра во шампионски тим каков што е Баерн“, изјави Матеус.

Се претпоставува дека цената на трансферот ќе изнесува помеѓу 30 и 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…