Дома Фудбал Останато Кој е најуспешен тренер во Европа во последните 100 натпревари?

Кој е најуспешен тренер во Европа во последните 100 натпревари?

Актуелниот тренер на Челзи, Антонио Конте е најуспешен клуспки тренер во 5-те најсилни европски лиги според резултатите постигнати на последните 100 натпревари на неговиот тим.

Италијанецот победил на дури 79 натпревари од 100, а загубил само на 11, па неговите тимови Јувентус и Чези освоиле вкупно 247 бода.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Втор според овој показател е неговиот наследник во Јувентус, Макс Алегри со остварени 75 победи на последните 100 меча (238 бода), а тројката ја комплетира уште еден Италијанец – Карло Анчелоти (75 победи, 14 реми, 13 порази). Потоа следат Пеп Гвардиола и Диего Симеоне.

Интересно е дека Арсен Венгер, кој што е многу критикуван од фановите на Арсенал во последните две години, има подобра статистика од Жозе Мурињо и Јирген Клоп. Французинот победил на 59 од последните 100 меча, Мурињо има 53 победи, додека Клоп 48.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…