Порталот „Sportando“ направи анкета на тема: Кој е најдобриот странец кој настапува во НБА лигата…
На првото место убедливо се најде кошаркарот Јанис Адетокунбо за кого гласаа 69% од испитаниците. Зад него следуваше Никола Јокиќ со 14%, третото место му припадна на Шпанецот Марк Гасол, а четвртото на Крстапс Позингис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај оваа главна анкеата спроведени беа уште неколку.
Најдобриот кошаркар кој не игра во НБА лигата според анкетата на овој портал е Словенецот, Лука Дончиќ, за него како и за Адетокундо гласаа 69% од испитаниците, зад него следуваа Нанду Де Коло и Алексеј Швед.
Дури 93% од посетителите сметаат дека Вориорсите оваа сезона ќе ја одбранат титулата во НБА лигата, додека само 3% веруваат дека Кливленд ќе успее да дојде до шампионскиот прстен.
Најголем фаворит за МВП признанието е Леброн Џејмс.