Дома Македонски спорт Мак баскет Кошаркарите напредуваа на ФИБА ранкинг листата

Кошаркарите напредуваа на ФИБА ранкинг листата

Двете победи на квалификацискиот турнир во Перм, нè поставија на 29.место на европската листа на најдобрите репрезентации

Скок од една позиција на официјалната ФИБА рејтинг листа бележи Македонија по завршувањето на квалификациите за Евробаскетот во 2022 година.

Нашата машка сениорска репрезентација реализираше две победи на последниот квалификациски турнир во Перм. Со триумфите над Италија, и против Естонија, ни донеса 211.7  бодови во евро-ренкингот, што во овој момент е доволно за 29. место на листата.

Односно едно погоре во однос на претходното рангирање кое беше објавено во декември минатата година.

Во оној светски рејтинг, Македонија е поставена на 52. позиција на вкупната табела која ја сочинуваат 168 земји од целиот свет вклучени во системот на натпревари на ФИБА.

Без промени е ТОП 5, во кој како водечка е селекцијата на САД со 781.8 бодови, пред Шпанија која има 721.3, Австралија со 667, Аргентина која има 662.4 и Србија која е на позицијата 5, со 662 рејтинг бодови.

Интересно, селекцијата на Казахстан, која од клупата ја предводи нашиот стручњак, Емил Рајковиќ, е една од петте со најголме напредок во февруарскиот квалификациски циклус.

Направи скок од пет места, па ова рангирање Казахстан го дочекува на 74. позиција во светскиот кошаркарски поредок.  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Ќе биде интересно во Дортмунд: Белингам со убав гол брзо ја анулира предноста на Сити! 🎥

Борусија Дортмунд преку младиот Белингам брзо ја анулира предноста на Манчестер Сити. Бели…