Тотенхем е силно заинтересиран за играчот од средниот ред на Верона, Антонин Барак, пренесуваат италијанските медиуми.
Барак е еден од најдобрите играчи на Верона оваа сезона и веќе има постигнато 10 гола и 4 асистенции, иако е играч за врска.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Чешкиот играч за врска ги воодушеви миланските клубови, но сега во трката се вклучи и Тотенхем.
Конте верува дека идеално ќе се вклопи во неговиот среден ред и сака да го донесе во Тотенхем.
Верона е спремна да го пушти на крајот на сезоната и за неговата слобода бара 20 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за „Спарси“.