Тотенхем е спремен да испрати богата понуда за младиот дефанзивец на Интер, Алесандро Бастони, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Конте одлично ги познава квалитетите на Бастони и сака да го донесе во своите редови, а Тотенхем се надева дека ќе ја победи конкуренцијата бидејќи за Италијанецот интерес покажува и Манчестер Сити.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интер има финансиски проблеми и ова лето мора да продаде една од своите ѕвезди, а тоа најверојатно ќе биде Бастони.
„Нероаѕурите“ за слободата на Италијанецот бараат 60 милиони евра, сума која Тотенхем и Сити се спремни да ја платат.
Конте ќе го убедува младиот Италијанец да се пресели во Тотенхем за да можат повторно да работат заедно.
Токму Конте беше тренерот кој му даде шанса на Бастони во првиот тим на Интер.