Никој не очекуваше и претходно дека може да го загрози Јувентус во ваква ситуација, но Интер вчера и дополнително се одалечи од Скудетото откако одигра 2:2 со Рома.
После натпреварот тренерот Антонио Конте имаше обвинувања за организаторот на Серија А. Тој смета дека неговиот поранешен клуб каде што беше како играч и тренер, Јувентус имал многу подобар распоред.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Нашиот распоред на натпревари е луд. Противниците имаа ден повеќе одмор. Играме од 21:45 и го плаќаме данокот на замор. Постои „чудна аномалија“. Се гледа дека не сме биле на состаноците кога се правел календарот. Календарот на нашите натпревари е луд, некои клубови имаат по пет ена одмор. Ова беше трет натпревар во низа во која ја играме против тимови со ден повеќе одмор од нас“, изјави Конте.
Тимот кој имаше пет дена одмор е токму Јувентус. „Старата дама“ против Сасуоло играше во средата, а против Лацио ќе игра вечерва.