Дома Фудбал Италија Конте во новата сезона ќе биде водител?!

Конте во новата сезона ќе биде водител?!

Антонио Конте од кога замина од Интер се уште е без клуб, а сега доби една необична понуда.

Имено, искусниот стратег во новата сезона би можеле да го видиме во улога на главен водител на „Скај“ во емисиите кои ќе бидат посветени на Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Конте би имал улога директно да поставува прашање на неговите колеги и сигурно дека би можело сосема добро да навлезе во стручниот дел што би било интересно за гледачите.

Медиумите кои ја објавија оваа информација не пишуваат за конкретната сума која би ја добивал Конте, меѓутоа за да го убедат сигурно таа треба да биде прилично висока.

Ќе потсетиме Конте си замина од Интер на крајот на сезоната затоа што не се согласуваше со раководството кој правец треба да работи клубот во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Деко веќе започна преговори за првото летно засилување на Барселона!

Барселона сериозно ја разгледува иднината на Маркус Рашфорд, а најновите сигнали од Саудис…