Дома Фудбал Италија Компјутерот пресмета: Вака ќе изгледа конечната табела во Серија А

Компјутерот пресмета: Вака ќе изгледа конечната табела во Серија А

Оваа сезона во Серија А е исклучително интересна и неколку клуба се борат за титулата, а возбудлива е битката и за опстанок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Моментално лидер на табелата после 22 одиграни кола е Интер, кој со победата синоќа над Лацио го помина Милан на табелата.

Италијанците се одлучија компјутерски да пресметаат што ќе се случува до крајот на сезоната, па супер-компјутерот ја одреди конечната табела, а таа изгледа навистина интересно.

Прогнозите велат дека шампион ќе биде Интер, со два бода пред градскиот ривал Милан. Јувентус ќе заврши на 3-то место, а последното место кое води во ЛШ ќе го заземе Наполи.

Патници во втората италијанска лига според оваа проекција би требало да бидат Кротоне, Каљари и Парма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англичаните непријатно изненадени: Еве што доживеаја пред натпреварот со Мексико на Светското првенство

Фудбалерите на Англија и Мексико ќе играат во понеделник во два часот по средноевропско вр…