Дома Останати Тенис Комплетирани полуфиналните двојки во Париз: Зверев подобар од Норвежанецот Руд

Комплетирани полуфиналните двојки во Париз: Зверев подобар од Норвежанецот Руд

Aлександар Зверев е последниот полуфиналист на Мастерсот во Париз. Зверев кој е еден од фаворитите го победи Каспер Руд со 2:0 во сетови (7:5, 6:4).

Норвежанецот се надигруваше достојно со еден од најдобрите тенисери во светот и достојно се прости со турнирот во француската престолнина. Во првиот сет одлично парираше се до самата завршница кога попушти неговата концентрација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во продолжение бркаше негатива, но не се откажа до самиот крај. На крајот пресуди квалитетот и искуството на Германецот. Во полуфиналето Зверев ќе се сретне со Данил Медведев, додека во второто играат Ѓоковиќ – Хуркач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа експресно ја елиминира првата противничка во Порто

Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на турнирот во Порто, откако во првото коло слав…