Дома Останати Кошарка НБА Комедија во НБА: Играчот на Хјустон бараше судијата да го исклучи неговиот татко (ВИДЕО)

Комедија во НБА: Играчот на Хјустон бараше судијата да го исклучи неговиот татко (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу Хјустон и Лос Анџелес Клиперс изминатата вечер се случи една сцена каква што до сега не сме виделе.

Тоа беше и натпревар помеѓу татко и син. Дресот на Хјустон го носи Остин Риверс, додека легендарниот Док е тренер на Клиперси.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Док на овој натпревар на клупата не беше до крајот. Поради жестоки протести беше исклучен во финишот од натпреварот, а на паркетот се одвиваше една навистина комична сцена. Додека постариот Риверс протсетираше кај судијата, Остин стоеше на неколку метри од него и бараше од судијата да му покаже техничка и така да го исклучи неговиот татко. На крајот тоа и се случи.

„Го видов тоа. И требаше така да реагира“, изјави Док после натпреварот.

Остин исто така се огласи во медиумите.

„Го сакам, но уживав во тој момент. Навистина уживав и беше забавно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…