Манчестер Јунајтед денеска го претстави дресот за следната сезона.
Адидас спрема посебен дизајн со кој ќе се подсети на тројната круна која клубот од Олд Трафорд ја освои пред 20 години, а изгледот е прилично различен во однос на дресот од оваа сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Цената на овој дрес е прилично висока. За него мора да платите 99,95 фунти, а дополнителни 10 фунти мора да додадете ако сакате да го испечатите вашето име.
Оваа верзија на дрес е премногу скапа. Поефтина варијанта можете да добиете за 64.95 со дополнителни трошоци за евентуално додавање на број и име.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед брзо ќе заиграат во новите дресови, бидејќи Црвените ѓаволи на терен ќе излезат веќе за 10 дена.