Франческо Тоти целата кариера ја помина во Рома, имаше понуди од најголемите клубови, но одлучи да остане верен на „Волчицата“.
Јасно, би можел да стане еден од најскапите платени играчи на сите времиња, но Италијанецот беше јасен, не сакаше да го напушти „Олимпико“. Призна дека имал понуди од Реал Мадрид, но едноставно не можел без Рома, па никогаш не дознавме колку Рома би можела да заработи од неговата продажба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно е дека цените си заминаа до небо, се се промени од трансферот на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра, а самиот Тоти верува дека знае колку денеска би вредел на пазарот.
„Мислам дека би вредел околу 200 милиони евра“, изјави скромниот Тоти.
Сепак, неговата лојалност не можеше да се купи. Целата кариера ја помина во Рома, 25 години, 786 настапи и 307 гола, но само еден освоен трофеј во Серија А и два купа на Италија.