Дома Фудбал Италија Колку ГОЛЕМ е легендарниот Буфон: Испрати поправен одговор за синоќешните солзи..

Колку ГОЛЕМ е легендарниот Буфон: Испрати поправен одговор за синоќешните солзи..

0

Солзите на Џанлуиџи Буфон синоќа го обиколија светот повеќе од поразот на Италијаните и останувањето дома наместо пласман на СП во Русија.

Буфон ја покажа својата величина, емоциите не можеше да ги сокрие, но потоа упати уште посилни зборови за селекцијата која ја остави зад себе.

Сепак, тука не беше крајот, бидејќи Буфон по дуелот од некоја причина сфати дека солзите испратиле погрешна порака на најмладите, бидејќи смета дека вистинските спортисти и шампионите се носат со се и дека не требал да потклекне пред емоциите, иако тоа беше сосема оправдано.

Тој се извини на децата на Италија поради солзите пред ТВ камерите и покажа колку е голем, и дека едноставно мисли се во секој момент.

Буфон истакна дека не сакал да плаче пред децата крај малите екрани, кои мечтаат еден ден да заиграат за националниот тим на Италија.

 

Прочитајте поврзани статии
Повеќе An. V.
Load More In Италија

Проверете

Германскиот репрезентативец признава: Поради тероризмот размислував да го напуштам фудбалот

Фудбалерот на Борусија Дортмунд и репрезентативецот на Германија беше дел од натпреварот п…