Дома Актуелно Коентрао има нов клуб

Коентрао има нов клуб

Португалскиот фудбалер Фабио Коентрао, се чини дека ја заврши епизодата на Сантијаго Бернабеу.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Триесетгодишниот Коентрао го носи дресот на Реал од 2011. година, но како што пишуваат странските медиуми, сега ќе го напушти клубот и кариерата ќе ја продолжи во Португалија.

Своевремено еден од најдобрите во Европа на својата позиција се договорил со Спортинг, за кој претходната сезона играше како позајмен играч, а во Лисабон само чекаат да се реши ситуацијата и да се раскине договорот.

Дека во Реал не сметаат на Португалецот јасно е уште од поодамна, а се потврди кога не се најде на списокот од фудбалери кои ќе се натпреваруваат во Примера.

Коентрао во дресот на Кралевите одигра нешто повеќе од 100 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Што ќе биде со Винисиус Жуниор?

Иако Винисиус Жуниор веќе долго време е едно од заштитните лица на Реал Мадрид, преговорит…