Tajсон Фјури стигна до голема победа против Франсис Нгану во битката на тешкашите и следен предизвик за Фјури ќе биде борбата на векот против Олександар Усик за соединување на титулите во тешка категорија.
Такво нешто во боксот не се случило уште од 1999 година. Веќе е познато дека борбата помеѓу Британецот и Украинецот ќе се одржи во Саудиска Арабија, меѓутоа точниот датум се уште не е познат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако се суди според последната изјава на промотерот на Фјури, Фрек Ворен оваа борба нема да се одржи до крајот на 2023 година.
„Фјури продолжи во тоа што го прави најдобро – дојде до победа. Оваа борба е сега зад нас, а гледаме на иднината. Договорена е борба со Усик, а се надевам дека кога Тајсон ќе биде подготвен ќе имаме и датум.
Нема да биде во декември бидејќи тој не е подготвен. Сигурно дека само пет, шест недели, за таква борба не се доволни, но и борбата со Нгану беше тешка, па ќе му биде потребно време за рехабилитација“, изјави Ворен.