Американскиот клуб Интер Мајами, чиј сопственик е Дејви Бекам, ќе се обиде да го донесе Лео Меси во своите редови.
Ова го потврди ко-сопственикот на клубот, Хорхе Мас, кој посочува дека пријателството на Дејвид Бекам со Аргентинецот ќе биде клучно за финализирање на договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меси минатото лето од Барселона се пресели во ПСЖ и има договор со „светците“ до јуни 2023 година.
„Лео Меси сеуште е еден од најдобрите на светот, тука нема сомнеж. Мислам дека Дејвид има добар однос со него, и ако замине од ПСЖ ќе се обидеме да го направиме фудбалер на Интер Мајами и дел од нашиот клуб. Дали тоа може да се случи? Секако, секогаш сум оптимист“, изјави Мас.