Во летото кое следи македонскиот напаѓач Илија Несторовски би можел да го промени клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Несторовски после колапсот на Палермо минатото лето се пресели во Удинезе, а после само една сезона би можел да има нов клуб во најсилната конкуренција во Серија А.
Познатиот италијански сајт „Калчомеркато“ објаи дека лидерот во Серија Б, Беневенто е сериозно заинтересиран за услугите на македонскиот напаѓач.
Беневенто доминира во Серија Б и има дури 20 бода предност во однос на второпласираниот тим на табелата и само евентуално поништување на сезоната поради коронавирусот може да ги спречи да не играат помеѓу најдобрите во новата сезона, сепак тоа не е реално дека ќе се случи.
Инаку, Беневенто од клупата го предводи легендарниот напаѓач на Милан, Пипо Инзаги.