Реал Мадрид ова лето не доведе ниту една супер ѕвезда иако се очекуваше такво нешто после заминувањето на Кристиано Роналдо во Јувентус.
Поради таквата ситуација мадритските медиуми најавуваат големо настапување на сцената на трансфер пазарот на „кралевите“ и тоа веќе во наредните два преодни рока.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реномираниот „Ас“ објави дека Реал на располагање ќе има 372 милиони евра за доведување на нови фудбалери. Износот од 190 милиони евра веќе е во клупската благајна, а дополнителните 182 актуелниот европски шампион ќе ги обезбеди од една шпанска банка со ниска камата.
Реал ова лето се поврзуваше со Нејмар, Мбапе, Кејн, Левандовски...Но никој од нив не пристигна во Мадрид, па затоа се очекува да се активираат уште во јануари.
Сумата шпанскиот гигант ќе ја има на располагање уште во следниот преоден рок.