Дома Фудбал Англија Клоп призна: Загрижен е поради повредата на Салах

Клоп призна: Загрижен е поради повредата на Салах

Moхамед Салах се повреди во вчерашниот натпревар помеѓу Египет и Гана по што мораше да биде заманет. Напаѓачот се пожали на болка во задната ложа и мораше предвреме да седне на клупата.

Поради тоа во Ливерпул се во исчекување на вестите за повредата и се надеваат дека не е нешто сериозно. Стратегот на „црвените“, Јирген Клоп изрази загриженост велејќи дека Салах не би се жалел на повреда ако не е нешто сериозно.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Разговарав со Мо и треба да му се направат дополнителни прегледи по што ќе се знае повеќе за повредата. Во моментот кога се пожали на повреда бев шокиран…Сите знаеме колку ретко бара замена, ако судиме според тоа тогаш станува збор за нешто сериозно. Но, ајде да ги почекаме тестовите па да видиме“, изјави Клоп.

Ако Салах го чека подолга пауза тоа сигурно ќе биде тежок удар за Ливерпул кој е во битка за титулата во Премиер лигата со Манчестер Сити и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Ливерпул едногласни: Да се избрка Слот и да се донесе овој тренер!

Арне Слот ги одброи своите денови во Ливерпул, секој навивач на „Црвените“ би се согласил …