Дома Фудбал Англија Клоп пресреќен поради трансферот на Артур

Клоп пресреќен поради трансферот на Артур

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека е многу среќен од трансферот на Артур, кој вчера пристигна на „Енфилд“ во последниот ден од трансфер пазарот.

Клоп има проблем со повредени фудбалери и малку алтернатива на средината на теренот, па сакаше да доведе квалитетен играч за врска.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Навистина сум среќен од тој трансфер. Мојата информација е дека тој до утре нема да добие дозвола за игра, па сите се надеваме дека ќе биде спремен за мечот со Наполи. Тој е добар фудбалер, дава ритам, има одлични додавања и сигурен е со топка во нозе. Многу ми се допаѓа“, изјави Клоп.

„Хендерсон сигурно е во аут, но не знаеме за колку време. Дарвин е во добра форма, тој ја научи лекцијата и ќе биде на располагање за утрешното дерби со Евертон“, додаде Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италијанец фаворит за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Искусниот италијански стратег Масимилиано Алегри наскоро би можел да седне на кормилото на…