Дома Актуелно Клоп: Премиер лигата не е трка помеѓу два коњи

Клоп: Премиер лигата не е трка помеѓу два коњи

0

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп инсистира на тоа дека битката за титулата во Премиер лигата нема да биде само помеѓу неговата екипа и Манчестер Сити.

Минатата сезона двата тима имаа жестока битка за титулата се до последниот свиреж на судијата, но Клоп верува дека оваа сезона и други тимови имаат шанси за титулата.

„Премиер лигата не е трка помеѓу два коњи. Ако беше така, ние не знаеме дали и ќе бидеме вториот коњ. Имаме многу да покажеме повторно. Тоа беше за прв пат да играме сезона како минатата – како е можно да се земе здраво за готово дека ќе играме на ист начин и оваа сезона? Има простор за подобрување“, истакна Клоп.

Ливерпул објави нови планови за проширување на „Енфилд“ – само три години откако беше реконструирана трибината „Мејн стенд“.

„Планирано е, работите се во почетна фаза. Не е лесно и некои работи треба да се разјаснат. Но, ми се допаѓаат плановите, поголема поддршка во текот на сезоната дефинитивно ќе ни помогне. Ја сакам „Мејн стенд“, по реконструкцијата, не сум видел нешто подобро во Европа“, заклучи Клоп.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Меси нека седи и ужива: Ансу Фати постигна погодок против Валенсија и влезе во историјата на Ла Лига

Ансу Фати постигна нов погодок за Барселона. Овој 16-годишен тинејџер доби шанса од почето…