Дома Фудбал Англија Клоп потврди: Пред да дојде во Ливерпул го барале повеќе клубови меѓу кои и големиот ривал на „црвените“

Клоп потврди: Пред да дојде во Ливерпул го барале повеќе клубови меѓу кои и големиот ривал на „црвените“

Jирген Клоп пред четири години седна на клупата на Ливерпул.

Германецот на „Енфилд“ пристигна откако претходно седум години ја водеше Борусија Дортмунд, а минатата година го одведе Ливерпул до освојувањето на Лигата на шампионите.

Сепак, Клоп во разговор за „Скај Спорт“ откри дека пред го превземе Ливерпул имал понуда од Манчестер Јунајтед и други клубови.

„Да, имаше интерес. Манчестер Јунајтед беше заинтересиран година или година ипол претходно, но не чуствував дека тоа е тоа. Не би можел да кажам дека Јунајтед е мој клуб, немав вистинско чуство. Повеќе клубови ме бараа и кажав: Не, нема шанси морам да направам пауза. Мојата сопруга знаеше дека ако Ливерпул ме повика ќе одам. Кога Ливерпул ме повика немав избор. Само кажав: Оу, идеме!“.

„Кога дојдов тука веднаш го почуствував духот на клубот, тоа за мене беше како натправр во рајот“, изјави Клоп.

Германецот има договор со Ливерпул до 2022 година, а неодамна откри дека после истекот на тој договор би можел да направи пауза.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Халанд сакал трансфер во Јунајтед, но се упропастил Ед Вудворд

Eрлинг Халанд направи фантастичен потег со трансферот во Борусија Дортмунд во зимскиот пре…