Дома Фудбал Англија Клоп побара нешто што никогаш претходно не се случило во Премиер лигата!

Клоп побара нешто што никогаш претходно не се случило во Премиер лигата!

Во последното коло од Премиер лигата за викендот, Ливерпул загуби од Тотенхем во дербито со 1:2, а овој натпревар беше обележан со големата судиска грешка и поништениот чист гол во првото полувреме на Луис Диаз.

Вчера медиумите на Островот ја објавија аудио снимката од ВАР собата, а тоа предизвика голем револт кај навивачите на Ливерпул, но и кај германскиот стратег.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Јирген Клоп сега излезе со барање на нешто што досега не се случило.

„Мислам дека натпреварот треба да се преигра, тоа би било фер. Неверојатно е да се случи таква грешка. Не можам да се сетам нашто слично“, порача Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…