Дома Фудбал Англија Клоп од денеска е најуспешниот тренер против Гвардиола

Клоп од денеска е најуспешниот тренер против Гвардиола

Германскиот тренер, Јирген Клоп може да се пофали дека е најуспешниот тренер против Пеп Гвардиола.

Неговиот Ливерпул денеска го порази Манчестер Сити со 4:3 во рамките на 23. коло од Премиер лигата, а тоа беше вкупно пета победа за Клоп против Гвардиола.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Нормално, двајцата се добро познаваат уште од времето кога Клоп го водеше Дортмунд, а Пеп Баерн, а и тогаш Клоп знаеше да го загорчи животот на својот ривал.

Клоп со Дортмунд три пати го победи Гвардиола и тоа со 4:2 во Суперкупот на Германија сезона 2013/14, 3:0 во истата сезона во Бундеслигата и 2:0 во Суперкупот во 2014 година.

После тоа, пред оваа победа, триумф оствари и минатата сезона со 1:0 против Сити со Ливерпул. Инаку, после Клоп, тренери со најмногу победи против Гвардиола се Мурињо со 4, Арсен Венгер со 3 и Луис Енрике со 2 победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим инсистира на ангажирање на нов играч во средниот ред уште во јануари, има конкретно име на ум

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим продолжува да врши притисок врз раководството…