Дома Фудбал Англија Клоп не знае колку пари има за трансфери

Клоп не знае колку пари има за трансфери

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри дека не знае со колкав буџет располага за трансфери ова лето.

Германецот објасни дека кризата предизвиката од коронавирусот ги направила трансферите многи посложени од претходно.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Сега, во корона време, треба да ги премислиш работите пет пати пред да направиш трансфер, бидејќи никој не знае што ќе се случи после короната“, истакна Клоп.

„Ние секогаш водиме грижа за финансискиот аспект, бидејќи не знаеме точно колку пари ќе имаме на расолагање. Други изгледа не гледаат така на ситуацијата, ако го погледнеме Челзи ќе видиме дека е така“, додаде Германецот.

„Има многу интересни играчи, но не можам да кажам дали некој од нив ќе биде интересен за нас. Сепак, јас сум многу задоволен од тимот кој го имам. Ќе видиме дали ќе се случи нешто кога се трансферите во прашање“, заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

По Де Брујне, „Граѓаните“ се откажуваат од уште една легенда!?

На крајот од сезоната му истекува договорот, а нова соработка, според Британците, нема да …