Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт.




Како што е познато Де Лихт е омилениот соиграч на Ван Дајк од репрезентацијата и двајцата би можеле да формираат „страшен“ тандем и на „Енфилд“.




Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јувентус би можел да го продаде дефанзивецот ова лето бидејќи има највисока плата и веќе почна да му бара замена, а Ливерпул сака да ја искористи ситуацијата.




Наводно и самиот 22-годишен стопер сака да ја промени средината и е импресиониран од идејата да игра заедно со Ван Дајк.




Интерес за Де Лихт покажуваат и други европски гиганти, но тој преферира преселба во Премиер лигата.