Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го коментираше тешкиот пораз од Наполи во Лигата на шампиони (4:1) и истакна дека тоа е најлошиот меч откако е на клупата на „црвените“.
„Црвените“ ќе имаат шанса за поправен веќе утре, кога на „Енфилд“ гостува Ајакс во второто коло од Лигата на шампиони.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Го гледав мечот неколку пати, вистински хорор, Фудбалерите исто така го знаат тоа. Тоа беше најлошиот меч откако сум јас во клубот. Имавме неколку лоши гостувањата изминатите години, но имаше нешто добро, на овој меч немаше ништо“, истакна Клоп.
„Осум од 11-те фудбалери беа апсолутно под своето ниво, додека останатите тројца беа просечни. Сите треба да знаеме дека се започнува од поседот на топката, кога ја губиме тогаш почнуваат потешкотиите. Треба што побрзо да го вратиме балансот во тимот“, додаде Клоп.
🗣 "It was the worst game we played since I was here."
— Football Daily (@footballdaily) September 12, 2022
Jurgen Klopp reflects on Liverpool's poor performance against Napoli in the Champions League last week pic.twitter.com/y9yRUbbjlK