Манчестер Сити го победи Тотенхем (1:0) во рамките на 35-то коло од Премиер лигата и му се одмазди за елиминацијата од Лигата на шампиони.
„Граѓаните“ поведоа со голот на Фоден уште во 5-та минута и не искористија неколку шанси за да ја зголемат предноста.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа можеше скапо да ги чини во 59-та минута кога Вокер во својот шеснаесетник очигледно играше со рака, но судијата не покажа на белата точка.
На крајот тимот на Пеп Гвардиола стигна до победа и се исчаки на првото место на табелата, но Јирген Клоп и навивачите на Ливерпул сигурно ќе имаат примедби за недосудениот пенал.