Дома Фудбал Клоп испиша новa страницa во историјата на Ливерпул, ова до сега никому не му успеало

Клоп испиша новa страницa во историјата на Ливерпул, ова до сега никому не му успеало

Ливерпул го совлада ЛАСК во Линц со 3:1, а тоа значеше дека германскиот стручњак Јирген Клоп стигна до јубилеј.

По 50-ти пат победи на европски натпревар, а веќе е познато дека е менаџер со најмногу европски победи во историјата на „Црвените“.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Дозволете ми да го кажам вака. Ако по оваа групна фаза останам со 50 победи , дури и ако имам најмногу победи во Европа како менаџер на Ливерпул, тогаш сите ќе го мразат тоа“, изјави во свој стил Јирген Клоп.

Германскиот стручњак ги одигра првите европски натпревари на клупата на Ливерпул во Лигата на Европа во сезоната 2015/16.

Тогаш Ливерпул беше поразен во финалето од Севиља со 3:1 и тоа беше последен меч на Црвените пред овој во Лига Европа.

После тоа, тимот на Клоп играа исклучиво во Лигата на шампионите, каде тој го предводеше својот тим до дури 40 победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ирците му фаќаат сеир на Собослаи: Им се потсмеваше имитирајќи го Роналдо, па на крајот тој плачеше!

Фудбалската репрезентација на Унгарија неочекувано остана без пласман на Светското првенст…