Дома Фудбал Англија Клоп зборуваше за преодниот рок и тоа што го најави беше и очекувано

Клоп зборуваше за преодниот рок и тоа што го најави беше и очекувано

0

Meнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри дека клубот од „Енфилд“ ова лето нема да биде премногу активен.

Шампионот на Европа досега го доведе само младиот Холанѓанец Сеп Ван Дер Берг од Зволе за 1.3 милиони евра и според зборовите на Клоп Ливерпул нема да купува многу.

„Пазарот е отворено, ќе видиме што може да се случи, но не мислам дека ова ќе биде голем преоден рок за нас. Веќе имаме засилувања, Чембрлејн и Брустер се вратија. Тие не играа минтата година. Исто така младите момци кои ни се приклучија за нас претставуваат нови играчи“, изјави Клоп.

Ливерпул во припремниот натпревар победи со 6:0 против Тренмер, а 19 годишниот Брустер постигна два гола.

„Ми се допаѓа како игра тоа момче. Знаевме дека е добар и претходно, но и од него зависи колку ќе игра. Ориги потпиша нов договор, Фирмино е тука…Ќе видиме, Брустер е квалитетен напаѓач“, смета Клоп.

Со оглед на тоа како играше Ливерпул оваа сезона ваквата најава на Клоп можеби е и очекувана.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нејмар се враќа во тимот – ќе патува со ПСЖ на турнеја во Кина

Бразилската суперѕвезда Нејмар, ќе патува со Пари Сент Жермен на предсезонската турнеја во…