Герамнскиот тренер Јирген Клоп најде многу инетресен метод за да го опорави тимот после шокантниот пораз од Бурнмаут.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, тренерот на Ливерпул реши малку да ја опушти екипата после незгодниот пораз и во понеделникот го одведе комплетиот тим на дводневен излет во Барселона.
Како што пренесуваат англиските медиуми целта на Клоп му била зближување на екипата и своеврстен „тим-билдинг“. Германецот верува дека тоа одлично ќе влијае на играчите да се опуштат малку во топлите краеви и таму добро прихички да се припремат за мечот со Вест Хем.
Харизматичмиот тренер е познат по тоа што му придава големо значење на тимскиот дух и на добрата атмосфера во соблекувалната, па ова би требало да биде одличен потег во таа насока.
Екипата вчера воопшто не тренираше, додека за денес е предвиден тренинг, па вечер одење на „Камп Ноу“ и гледање на натпреварот Барселона – Борусија Мехенгладбах.