Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше пресреќен после големата победа над Наполи.
„Црвените“ го победија Наполи со 1:0 со голот на Мохамед Салах и тоа им беше доволно за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Многу сум среќен и горд. Му благодарам на „Енфилд“. Немам зборови да го опишам ова. Салах постигна неверојатен гол и не знам како ја одбрани шансата на Милик. Ова беше луд натпревар со многу контри, но бевме спремни за ваква игра. УЕФА можеби мислеше дека натпреварувањето може да се продолжи без Ливерпул, но се уште сме живи“.
„Да знаев дека Алисон вака ќе брани ќе го платев и двојно повеќе“, изјави Клоп.
Потоа Клоп доби прашање за ждребот во осминафиналто.
„Во 20:55 вечерва не бев сигурен дали ќе бидеме во ждребот, а сега не ме интересира против кого ќе играме“.
"Oh what a save, from Alisson to deny Milik. That's why Liverpool spend the big bucks on the Roma goalkeeper for moments like that" pic.twitter.com/IWvYqlgHaR
— #TheKloppEffect (@LFC8FAN) December 11, 2018