Фудбалерите на Ливерпул играат одлично во домашното првенство каде што се очекува до крај да се борат за титулата.
„Црвените“ под водство на Јирген Клоп станаа сериозна екипа која може да игра и против најсилните, а тоа најдобро го покажаа минатата сезона кога стигнаа до финалето во Лигата на шампионите. Сепак, германскиот стратег не е во целост задоволен од играчкиот кадар кој го има на располагање.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските медиуми објавија пред неколку дена дека Германецот го отпишал Алберто Морено кој беше стандарден на левата бековска позиција изминатите сезони. Но, шпанскиот фудбалер воопшто не е во плановите на Клоп за оваа сезона и скоро сигурно ќе го напушти „Енфилд“.
Интер за поранешниот играч на Севиља покажаа Арсенал и Барселона кои се спремни да го доведат во јануари. На Каталонците потребен им е лев бек бидејќи на таа позиција го имаат само Жорди Алба и не би било изненадување ако го видиме во дресот на Барса од јануари.
Сепак, сериозна конкуренција ќе им биде Арсенал. Наводно, Унаи Емери и порачал на управата на Арсенал дека сака да го доведе фудбалерот со кој успешно соработуваше во Севиља.