Прашањето кое во последните денови си го поставуваат веројатно поголемиот дел од навивачите на Ливерпул е – дали Салах ќе игра на „Итихад“?
На конференцијата пред утрешниот натпревар, менаџерот Јирген Клоп зборуваше на оваа тема и може да се каже дека ги израдува фановите на „црвените“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Салах не е 100% спремен. Не сум одлучил дали ќе игра, ќе видиме. Можам да кажам само дека во овој момент е поблиску до тоа да заигра отколку да остане на клупата“.
„На почетокот на сезоната овде изгубивме 5:0, не смеете тоа да го заборавите. Европските ноќи се посебни за Ливерпул и мислам дека имаме повеќе искуство од нашиот противник. Нивниот квалитет не се доведува во прашање, Пеп е најдобриот тренер во светот, но совршен тим не постои“, изјави Клоп.
Натпреварот помеѓу Манчестер Сити се игра утре со почеток од 20:45 часот.