Јирген Клоп верува дека неговиот стопер Вирџил Ван Дајк повеќе ја заслужил Златната топка од Лионел Меси.
Одличниот Холанѓанец кој беше клучен играч на Ливерпул во походот кон европскиот трон не беше разочаран и порача дека му било чест што воопшто бил конкурент на најдобриот играч во Европа. Ван Дајк истакна и дека наградата завршила во вистински раце.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Клоп не мисли така.
„За добитникот на оваа награда одлучуваат новинарите. Ја ги гледам работите малку поинакво. Веќе 500 пати кажав дека Меси веројатно е најдобриот фудбалер кој сум го видел во животот, но не се сеќавам кога последен пат некој стопер имал сезона како Ван Дајк. Според мене Ван Дајк повеќе ја заслужи оваа награда сезонава“, изјави Клоп.