Дома Трансфер зона Клоп брзо реагира: На „Енфилд“ пристигнува еден од најбараните дефанзивци

Клоп брзо реагира: На „Енфилд“ пристигнува еден од најбараните дефанзивци

Приоритет  на Ливерпул во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на дефазивец и „црвените“ веќе направиле список со потенцијални засилувања.

Клоп има големи проблеми во дефанзивната линија поради повреди. Најпрво се повреди Ван Дајк кој ќе ја пропушти целата сезона, а потоа и Џо Гомез кој ќе паузира неколку месеци.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Клубот мора да интервенира на трансфер пазарот и во јануари да донесе врвен дефанзивец, а на врвот на листата желби е Дајот Упамекано од Лајпциг.

Плановите на Ливерпул биле да го донесат Французинот следното лето, но поради проблемите ќе се обидат да го донесат уште во јануари.

22-годишниот дефанзивец во договорот со Лајпциг има откупна клаузула од 42 милиони евра, но таа ќе биде активна дури следното лето, па „црвените“ ќе мора да видат преговори со германскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…