Дома Трансфер зона Клоп: Барса го сака Кутињо? Нека спреми 400 милиони!

Клоп: Барса го сака Кутињо? Нека спреми 400 милиони!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп отговори на наводите на шпанските медиуми дека неговиот најдобар фудбалер Филипе Кутињо е блиску до договор со Барселона притоа отфрлајќи ја секоја можност да биде продаден Бразилецот.

Кутињо веќе подолго време се поврзува со трансфер во Барселона. Шпанските медиуми заминаа и чекор подалеку па објавија дека е постигнат договор меѓу Бразилецот и Каталонците е дека останува уште клубовите да се договорат околу обештетувањето.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Знаете кога потпиша Кутињо нов договор? Во јануари, со откупна клаузула од 400 милиони евра“, прокоментира германскиот стратег.

„Апсолутно не постои никаква можност да го продадеме. Нашите сопственици велат дека нема да продадеме никого ова лето, ако тоа не го сакаме. Тоа значи дека можеме да доведиме други фудбалери и тоа е добра ситуација за нас. Имаме одлична база и сакаме да доведеме нови фудбалери. Никој нема да не напушти ако ние не дадеме согласност за тоа. Па поради тоа сум максимално опуштен по тоа прашање“, додаде Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ ја купува ѕвездата на Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на многу европски гиганти, а…