Дома Фудбал Германија Клинсман беше врвен напаѓач, неговиот син дебитираше како…голман!

Клинсман беше врвен напаѓач, неговиот син дебитираше како…голман!

Младиот голман на Херта Берлин, Џонатан Клинсман синоќа го имаше своето деби за германскиот клуб, и тоа во Лига Европа против Остерсунд.

Синот на некогашниот легендарен напаѓач Јирген Клинсман не можеше да посака подобро деби, бидејќи одбрани пенал, а неговиот тим остана непоразен (1:1).


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во 87-та минута шведскиот тим не реализираше пенал, бидејќи ударот на Иранецот Брва Нурија, 20 годишниот Џонатан Клинсман го одбрани.

Синот на Јирген Клинскам ја искористи шансата да дебитира за Херта, откако првиот голманб Руне Јарстајн не влезе во протоколот, а неговата замена Томас Крафт се разболе.

„Ова е потполно лудо, не знам како поинаку да го опишам тоа. Прв пат сум во почетните 11, и тоа уште во Лига Европа. Бев нервоен пред натпревареот, кога дознав дека ќе бранам. Го повикав татко ми, и тој малку ме смири. Интересно е дека пред самиот почеток на натпреварот вежбавме пенали. Не ги очекувавме, но морате да бидете подготвени на се“, изјави Клинсман Јуниор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…